ФОТО: Се отвори земјата во Хрватска

Огромна дупка во земјата се отвори вчера во Краљевица, Хрватска и буквално проголта камион.

Камионот тргнал наназад и одеднаш пропаднал во дупка која се отворила среде тревната површина. Во неа имало вода.

Местото порано било бунар кој бил затрупан. За среќа возачот се извлекол без повреди.