ФОТО: Се појави фејсбук страница „Џихадистите од Кондово“

На социјалната мрежа „Фејсбук“ осамна фан страница насловена како Џихадистите од Кондово.

Како профилна е поставена фотографија од три млади маскирани момчиња.

Страната досега има 57 лајкови, а е формирана пред два дена.

Иако џихадистите низ светот добро се грижат да ги сокријат трагите каде се и кои им се лицата, на тројцата креатори на оваа фејсбук страна може многу лесно да им се влезе во траг. Кога ќе се помине преку нивната заедничка фотографија каде се со ножеви или маскирани веднаш се појавуваат фејсбук профилите со вистинските имиња и со ликот на џихадистите од Кондово.