(ФОТО) Се продава државно имотиште на Водно од над милион евра со почетна цена од 113.000 евра

Извесен Елиот Нес на Фејсбук пишува дека на Водно се продава имотиште во сопственост на Република Македонија, проценет над милион и кусур евра, а почетна цена на надавањето 113.000 евра.

„На Водно, во близина на Српска амбасада, на тивко и мирно место. Огласот е до 25 месецов, за лицитација (која трае 15 минути), се потребни 11.130 евра или 10 %.

И после од кај имотишта? Ете од кај“, вели таинстевиот Елиот Нес кој во прилог објавува документи од објава и фотографии.