ФОТО: Се уште не е родено, а веќе е вистински хит!

Ова неродено бебенце стана вистински хит уште во утробата на својата мајка.

Момчето го држело палецот нагоре, како да и кажувана мајка си дека се е во ред и дека не треба да се грижи.

„Ова дете е толку кул, а се уште не е родено”, напишал еден корисник на интернет, додека други коментираат дека момчето сигурно ќе биде политичар или рок-ѕвезда.

Оние кои ја виделе сликата од ултразвукот, исто така, забележале дека ова бебе не е само. Мајката потврдила дека чека близнаци.