(ФОТО) Сеча на зеленилото во Аеродром

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ветуваше зеленило, а прави пустелија, реагираат граѓаните во неделата на социјалните мрежи.

По сечење на дрвата во повеќе скопски општини, на ред дојде и Аеродром.

Денеска, во недела, и тоа среде лето, се сечеа дрвата на улицата „Коста Новаковиќ“ која се спојува со „Трета Македонска бригада“ кај маркетот „Тинекс“.

Жителите оправдано се револтирани, бидејќи и ветувањето за зеленило коешто им го даде Шилегов пред изборите, испадна голема лага.