(ФОТО) Секој ден е подарок за холивудскиот актер кој се бори со тешка болест

127

Во друштво на сопругата Трејси, холивускиот глумец Мајкл Џеј Фокс вчера  се појавил на премиерата на документариот филм “Very Ralph” во Њујорк.

Фокс минатата година отворено проговори за тешката борба со Паркинсоновата болест, која ја води уште од 1992 година, а која и покрај огромниот труд и континуираното лекување постојано расте. Мајкл почнал да зборува неразбирливо, а левата нога сè послабо ја контролира. Докторите прогнозираат дека тој ќе биде инвалид пред неговата 60-та година.

“Неговата храброст не познава граници. Но, болеста започнува да го обзема целото негово тело и дури и тој гледа дека полека ја губи битката”, изјавил негов близок пријател.

“Мајкл, секој нов ден го гледа како подарок, како и прилика да им помогне да другите кои поминуваат низ истото”, додал тој.

Имено, глумецот има основано фондација за истражувања на Паркинсоновата болест во која вложил неколку милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.