ФОТО: Сексипилната и провокативна Ријана прогласена за модна икона

Убавицата од Барбадос, позната по својот провокативен изглед со кој секогаш го свртува вниманието на себе е прогласена за модна икона на годината.

Оваа престижна титула и ја додели Здружението на американски дизајнери (CFDA) прогласувајќи ја за модна икона на 2014-та година.

На познатата пејачка  наградата ќе и биде врачена на вотри  јуни во Њујорк на свеченоста по повод на основањето на здружението.

До сега ова признание кое се доделува на личности чиј стил на облекување имало најголемо влијание на поп културата ширум светот го добиле и Лејди Гага, Кејт Мос и Никол Кидман.