(ФОТО) Северина со друг маж – ја „запали“ социјалната мрежа и ги остави фановите во прашалници

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ пред неколку дена потврди дека се развела од Игор Којиќ, со кого беше во брак шест години, а денес нејзините фанови беа изненадени од фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм каде е со друг маж.

Пејачката објави фотографија со Филип Милетиќ, долгогодишен соработник, и иако напиша дека никој нема подобар продуцент, веднаш започнаа шпекулациите дека се во врска.

– Мојот продуцент е подобар од твојот, бидејќи хитовите не лажат. Луштица, дали си подготвен? – напиша Северина.

Северина и Филип очигледно заминале на одмор заедно во Црна Гора, каде најверојатно реализираат некои бизнис планови.

Времето ќе покаже дали има нешто повеќе меѓу нив или само соработка.