(ФОТО) Шилегов се пофали дека го расчистува снегот што го нема во Скопје, па се пишмани

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот фејсбук профил се пофали дека градските служби подготвени го дочекале првиот снег за оваа година и дека градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови.

„Главните пешачки зони, како и градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови, а општините ги чистат помалите улици кои се во нивна надлежност. Меѓутоа, одржувањето на градот е колективна одговорност, објави Шилегов.

Но, нејасно е каде го виде градоначалникот Шилегов снегот во Скопје со оглед на тоа што во главниот град не наврна ниту една снегулка. А и нејасно е кога и каде градските служби излегоа на терен и што всушност чистеле.

По негативните коментари на објавата на Шилегов од страна на граѓаните, постот од социјалната мрежа беше избришан.