ФОТО: „Шпионите“ седнаа на обвинителна клупа

Деветнаесте обвинети во случајот „Шпион“ денеска седнаа  на обвинителната клупа пред судскиот совет кој го предводи судија Ѓоко Ристов.

Меѓу обвинетите се разузнавачи и контраразузнавачи,  поранешни и актуелни вработени во Армија на Република Македонија, Управа за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање, Државниот архив и шефот на Кабинет на собранискиот спикер. Меѓу обвинетите е и новинарот Зоран Божиновски кој се товари за изнуда и рекет, кој се’ уште не е екстрадиран од Белград.

 

Slika 3

Лицата се сомничат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни, а првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов.  Тој ја водел групата која шпионирала, уценувала и издавала државни тајни од 2009 до 2012 години, пред се’ на унгарската, грчката и руската разузнавачка служба.

Пред судот денеска беше истакнато дека тие своите антидржавни активности ги воделе под кодни имиња и шифри како Петко, Ламбе, Сани Бич, Иле, Софија. Поротниците слшнаа податоци и за лицата  за контакт со странските  разузнавачки  служби , сателитски врски за пренос на документи, но за и лични средби со примателите на податоците е начинот на кој функционирала групата.

Slika 1

Според обвинението, обвинетите собирале важни инфорамции и му ги предавале на Ефремов, кој подоцна, преку писма со кодни имиња и преку специјален сателитски систем ги испраќал до соработниците од странство.  Информациите кои „шпионите“ ги давале најчесто биле за мометалните состојби во АР и УБК, за безбедноста во Македонија, податоци за активности на вахабисти на македонска територија, но и многу документи истратени до странските соработници под ознака „државна тајна“.

Денешното судење беше отворено за јавноста, но кога ќе се презентираат доказите и одбраната на деветмина од обвинетите, а по нивно барање, рочиштата ќе бидат затворени за јавноста. Следното рочиште е закажно за среда.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.