(ФОТО) Што ли би рекле Илинденците за политиките на Заев, заслужија ли коските да им се превртуваат

ВМРО-ДПМНЕ на денешниот мирен протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ го блокира Скопје на три локации – пред Владата, пред Министерството за правда и пред Министерството за надворешни работи. Недвосмислено беше побарана оставка од премиерот Зоран Заев поради неговите штетни политики во односите со Бугарија а во врска со почнувањето на преговорите за членство во ЕУ.

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред МНР кажа дека никогаш не ни помислувавл дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении. Тој нагласи дека Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македонија.

-Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме, порача Андоновски.

Тони Михајловски порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев.

– Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е
македонски. Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било
забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни
веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да
може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и
се вика Зоран Заев –  рече Михајловски.

Пратеничката Рашела Мизрахи порача на граѓаните дека треба да се спротивстават на Зоран Заев и неговите лоши политики и анационализам. Политиките на Заев водат до губење на идентитет, јазик и историја. Ако тоа се изгуби се губи Македонија.

Мизрахи додаде дека во секој збор од химната на Македонија има тежина. Во секој збор на химната има огромна вистина. А, текстот на химната го напиша Владо Малески.

– Колку ли горди треба да бидат неговите потомци, кога ги читаат овие стихови? Се надевам дека се, рече Мизрахи.

Мизрахи посочи дека Панко Брашнаров како најстар делегат го отвора првото заседание на АСНОМ. Го отвора заседанието со следните зборови – „Другари и другарки, народни претставители во овој момент, во ова историско место Св. Отец Прохор Пчински и на овој историски ден Илинден го објавувам да е отворено првото антифашистичко Собрание на народното ослободување на Македонија“.

– Што ли би рекле Илинденците, зарем со нешто заслужија коските да им се превртуваат? И не од поробувачите, туку од оние кои во моментов ја водат државата, која токму Илинденците и Партизаните во Завет ни ја оставија, слободна македонска држава со слободен народен јазик и вековна историја, држава на сите нејзини граѓани, истакна Мизрахи.

Пратеникот Дарко Костовски граѓаните им се заблагодари што и денес дојдоа за да се обранат националните интереси кои што Заев и Владата ги распродаваат.

– Економијата не ни била никогаш полоша, здравствениот систем гледаме секој ден капитулира, дека е во една жестока криза, а образовниот систем исто така ни е во жестока криза. Но она што е суштински најголемата дупка т.е. кратерот кој што Зоран Заев многу брзо го потонува тоа е поигрувањето со македонскиот национален идентитет, нагласи Костовски.

-Ѓорѓи Димитров стана премиер на Бугарија непосредно по Втората светска војна, тој не само што не го доведе во прашање македонскиот национален идентитет, тој им ги даде сите права на Македонците во Пиринска Македонија. И пред се она суштествено право, право да се самоопределуваат како Македонци. Но затоа денеска се најде условно кажано Македонец, Зоран Заев да си игра и да тргува со македонскиот национален идентитет, истакна Костовски.

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје рече дека ова власта кое денеска го прави нема да им помине.

Денеска е денот кога Бучковски и Заев ни ја прекројуваат историјата, не убедуваат дека Гоце Делчев не бил Македонец, дека борците во народно ослободителната борба не биле убиени. Овде пред МНР за да ви порачаме дека нема да ви помине. Они на кои дедовците неа кметови кога тука во Македонија луѓе гинеа за слобода, а некои не убедуваа сега дека не гинеле и не се бореле туку биле администрирани. Истите тие денеска едни од нив молчат, а други се обидуваат да ги понижат луѓето кои ги дадоа своите животи за ние денеска слободно да се движиме. Еден таков Петре Шилегов вели дека ќе ги однесе спомениците на депонија, Петре дали ќе го однесеш и споменикот на Ченто, споменикот на АСНОМ, споменикот на Кузман Јосифовски Питу исто на депонија? Не, нема бидејќи ние како народ нема да ти дозволиме тоа, истакна Нелоски.

Нелоски во своето обраќање посочи дека додека власта крои планови да ги понижат оние кои дадоа живот за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да им оддава почит.

Додека тие кројат планови како понатаму да ги понижат они кои ги дадоа своите животи за денешна Македонија да е таква каква што е , ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на сите оние кои се жртвуваа за нас, Ние денеска ќе им оддадеме почит на сите нив на Мирче Ацев, на Ченто, на Христијан Тодоровски Карпош но и на помладиот Ченто кој денеска е во зандана и им оддаваме почит на сите кои се бореа за слободна Македонија на Гоце Делчев, на Даме Груев, Питу Гули.

Пратеникот Бране Петрушевски повика на обединување на сите граѓани проритв штетните политики на Зоран Заев.

– Ве повикувам да се обединиме во овие најтешки моменти. На овие протести на кои се брани македонкиот идентитет, македонската држава. Тука треба да бидеме сите заедно, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски изрази благодарност до сите кои се приклучуваат на протестите, на останатите политички партии и на сите останати.

– Жално е почитувани пријатели ова што го прави Зоран Заев, ќе ја менувал историјата?! Зарем треба да дозволиме бугарска историја, да не го славиме 11 октомври кога се крена цел народ против фашизмот. Не е доволно само да протестираме, треба да ја шириме идејата и да му покажеме на Заев дека не може да си поигрува со македонската историја, затоа оставка за Заев, порача Петрушевски.

Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов порача дека не треба да молчат младите на распродавањето на националните интереси кое што се случува од страна на Владата. Младите не треба да дозволат да оваа држава остане без историја, јазик и идентитет.

– Ако замолчиме сега ќе треба да замолчиме засекогаш. А, дали ние младите на 21 век и младите на Република Македонија треба да замолчиме пред тоталното распродавање на се што значи национална посебност? Дали треба да останеме неми пред крадењето на нашата историја и нашето потекло, но и губењето на нашата иднина? Дали треба да останеме неми пред тоа да ни ја украдат иднината пред очи, запраша Попов.