ФОТО: Силно невреме во Дубровник, громови удирале во куќи и рушеле стебла

Силно невреме проследено со дожд, ветер, град и силни грмежи вчера го погоди Дубровник.

Грмежите не само што биле силни, туку и често удирале по градот, во куќите и стеблата, пренесуваат хрватските медиуми.

dubrovnik

Градот бил со големина на грашок, а според податоците на Метеоролошката станица во Дубровник, за само два часа наврнало 91 литар дожд на метар квадратен.

222

Според информациите дубровачките пожарникари имале три интервенции на испумпување на поплавените објекти.

Ударите од гром предизвикале и пожар кој набрзо бил изгаснат.