(ФОТО) Син на пратеничка на СДСМ станал инспектор во МВР со средно фармацевтско

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил открива скандал во Министерството за внатрешни работи. Син на пратеничка на СДМС станал инспектор со средно фармацевтско училиште.

„Е, баш поради ова БЕГААТ МЛАДИТЕ од Северџанистан. Оти не веруат више у ненаместени конкурси!

Син на пратеничка од СДС на Нашата Земја, со средна фармацеутска школа, си станал полициски инспектор у МВР“, пишува Апасиев на Фејсбук, објавувајќи фотографии и документи.