ФОТО: Сите балкански земји се сиромашни, само Македонија е важна

Интересното истражување на дипломецот од Универзитетот во Мичиген, Рендал Олсон, го постави прашањето, Зошто Македонија е важна?

Тој на најкористениот пребарувач, Гугл, спореведе истражување со кое сакал да дознае што ги интересира луѓето најмногу за европските земји. Затоа  ја користел функцијата на Гугл за автоматско довршување на речениците.

Рендал во пребарувачот го испишувал почетокот на реченицата, на пример “Зошто Македонија…”, во која го менувал само името на државата, а Гугл автоматски му нудел завршување на прашањата кои луѓето најчесто ги поставувале на оваа страна, во нашиот случај “толку важна?”.

Според неговото истражување, сите балкански земји се сиромашни, а само Македонија и Грција се важни.  Неговиот експеримент покажал дека луѓето се прашуваат зошто Германија е толку богата, а Франција „геј”, додека други се прашувале зошто Шведска е среќна, а Хрватска убава…

А зошто Македонија е толку важна…па можеби поради богатата историја, природната убавина или маките што ни ги задава јужниот сосед?

google_autocomplete_results