(ФОТО) Скандал со фотографии покрај ковчегот на Марадона

Фотографии на лица ангажирани од погребална фирма како позираат со кренати палци пред отворениот ковчег во кој лежи аргентинската фудбалска икона Диего Армандо Марадона пред почетокот на прошталната церемонија во четвртокот предизвика голем скандал во Аргентина и покрај извинувањата на еден од актерите.

„Ве молам да ми простите“, изјави за аргентинското радио Radio Diez Клаудио Фернандез кој се гледа на една од скандалозните фотогафии кои станаа вирални на социјалните мрежи каде што ги следеше лавина од навреди, па и смртни закани за тројцата.

Фернандез во петокот потврди дека ја загубил работата во погребалното претпријатие заедно со неговиот син Исмаел и извесен Клаудио Диего Медина.

Една од фотографиите ги прикажува Фернандез и неговиот син насмеане и со подигнат палец покрај телото на Марадона во ковчегот во четвртокот. Медина се појавува на друга фотографија во истата поза.

Фернандез инсистира на тоа дека не знаел дека колегата имал намера да направи фотографии, уште помалку да ги распространува. „Тоа се случи моментално. Само што ја кренав главата и мојот син го стори тоа како секој 18-годишник“, изјави за радиото.

Додаде дека добивале закани од жителите на квартот Ел Патернал каде што Марадона дебитираше како професионалец во 1976 година во тимот на Аргентинос Јуниорс.

„Тие ме познаваат. Живеам во соседството. Велат дека ќе нѐ убијат, ќе ни ги скршат главите“, рече Фернандез.

Во петокот клубот Аргентинос Јуниорс издаде соопштение во кое наведува дека управата размислува

Засега не е познато дали еден од тројцата самиот ја објавил фотографијата или тоа го сторил некој друг.

Изложено на жестоки критики и осуди, погребалното претпријатие „Pinier“ ја отфрли својата одговорност за немилиот настан, тврдејќи дека користело услуги на надворешни соработници.

„Тие не се наши вработени. Ги ангажиравме да го водат испраќањето. Работат за транспортна компанија, бидејќи понекогаш ја договараме таа услуга“, изјави еден од косопствениците на погребалното претпријатие, извинувајќи му се на семејството на Марадона.

Појасни дека тој и неговите двајца браќа биле задолжени за подготовка на телото пред да биде префрлено во Каза Росада, претседателската палата каде што во четвртокот беше организирана церемонијата на последно збогување со легендарниот фудбалер.

„Ја напуштивме просторијата за да разговараме со полицијата за координирање на превозот на телото и тогаш тие лица ја снимиле фотографијата. Беа сами само две минути“, додаде косопственикот, истакнувајчи дека се чувстува „посрамено“ поради тоа што се случило.

Адвокатот на Марадона, Матија Морла, вети дека судски ќе ги гони одговорните

„Диего Молина е никаквецот кој се фотографирал крај ковчегот на Диего Марадона. Поради сеќавањето на мојот пријател, нема да сопрам да го гонам за тоа што го сторил“, објави на Twitter адвокатот индентификувајќи го едно од лицата коешто позира со кренат палец.