(ФОТО) Скопјанец загина во Гевгелија откако се забил со автомобилот во гаража

Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија, објавува КаналВис.

„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило мини морис со бугарски регистерски таблички удрил во лимени гаражи. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица.

Од таму додаваат дека причините за сообраќајката со жртва дополнително ќе се утврдуваат.