(ФОТО) Снимени најблиските досега фотографии на Сонцето

Solar Orbiter, the joint ESA/NASA mission to study the Sun, during an online news briefing on 16 July. EPA-EFE/ESA/ATG Medialab HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Вселенскиот уред „Solar Orbiter“ ги пренесе на Земјата првите фотографии на Сонцето направини од оддалечост од 77 милиони километри, што е најблиското растојание кога и да е и на нив првпат се регистрирани минујатури слични на сончевите блесоци, соопштија во четвртокот на онлајн-брифинг учесниците во мисијата одржан во седиштетот на Европската вселенска агенција (ESA).

„Многу сме задоволни што ги добивме овие снимки, но ова е само почетокот. Нашата мисија ќе го продолжи своето патешествие низ внатрешниот Сончев систем и за околу две години уште повеќе ќе му се приближи на Сонцето. На крајот од мисијата уредот ќе се наоѓа на 42 милиони километри од површината на ѕвездата. Тоа е четири пати помалку од оддалеченоста меѓу Земјата и ѕвездата“, изјави научниот шеф на мисијата во ESA, Даниел Мулер.

Проектот „Solar Orbiter“ е заеднички проект на NASA и ESA, чијашто мисија е проектирана на седум години, во текот на коишто уредот ќе ја набљудува соларната активност и поларните области на нашата ѕвезда. Уредот беше лансиран на 10-ти февруари 2020 година од ртот Канаверал со ракетата носач „Atlas V“. Цената на мисијата се проценува на 1,5 милијарди американски долари.

Сондата е опремена со десет различни инструменти, од кои шест постојано се насочени кон Сонцето, а четири се насочени за проучување на околината околу самиот апарат. Покрај тоа, на „Solar Orbiter“ е инсталиран топлотниот штит, благодарејќи на кој уредот ќе може да му се приближе на Сонцето на оддалеченост од 41 милиони километри.

Неодамна, како што истакна, Мулер, стручњаците во мисијата ги завршиле проверките на инструментите на „Solar Orbiter“ пред сондата првпат да му се приближи на Сонцето приближувајќи му се на оддалеченост од 77 милиони километри. Покрај снимките, научниците благодарејќи на овие маневри ги добиле и првите научни податоци. Овие мерења, според шефот на мисијата „Solar Orbiter“, веќе пренеле некои интересни и неочекувани откритија.

 

Другата страна на Сонцето

Особено, фотографиите од површината на ѕвездата добиени со ултравиолетовата камера EUI укажуваат на тоа дека на сончевата површина се појавуваат мали блесоци. Астрономите нив ги нарекле „сончеви огнови“. Ваквите структури, како што сугерираат истражувачите, играат важна улога во загревањето на Сончевата корона до ултрависоки температури.

Истражувачите потенцираат дека е рано да се каже дека „Solar Orbiter“ го открила овој механизам. Сепак, тие се надеваат дека следните набљудувања ќе им овозможат да го докажат тоа.

Покрај тоа, сондата ги добила првите податоци за тоа како изгледаат областите на магнетната активност на Сонцето, како и поврзаните со нив дамки и други структури на „задната страна“ на ѕвездата, која е сокриена од набљудувачите од Земјата.

Овие набљудувања се особено важни за астрономите, бидејќи до неодамна нашата ѕвезда се наоѓаше во состојба на „хибернација“ и на неговата површина имаше многу малку видливи дамки. Ваквите податоци, како што се надеваат астрофизичарите, ќе овозможат да се дознае кои процеси го управуваат 11-годишниот циклус на Сончевата активност.

Исто така, во моментот на максималното приближување на сондата со ѕвездата, астрономите ги мереле својствата на сончевиот ветер. Овие податоци, како и и последователните мерења од ваков вид, како што се надеваат истражувачите, ќе им помогнат на научниците да разберат како се формира овој проток на наелектризирани честички и каде тој се појавува.

Научниците истакнуваат дека очекуваат да добијат подетални податоци до крајот на следната година, кога „Solar Orbiter“, уште еднаш ќе се доближи до Сонцето, како и во втората половина од 2022 година, кога сондата по серија гравитациски маневри ќе влезе во стабилна орбита околу Сонцето и ќе му се прибложи поблиску од Меркур.ж

Фотографии на Сонцето направени од Solar Orbiter
© Solar Orbiter/EUI Team (ESA & NASA); CSL, IAS, MPS, PMOD/WRC, ROB, UCL/MSSL

 

„Сончевите огнови“ на фотографиите означени со стрелки/ © Solar Orbiter/EUI Team (ESA & NASA); CSL, IAS, MPS, PMOD/WRC, ROB, UCL/MSSL