ФОТО: Со албански песни и знамиња, но и транспаренти со УЧК започна протестот за „Диво Насеље“

Со албански националистички песни, озвучување, транспаренти на кои пишува УЧК, фотографии од затворениците и албански знамиња започна протестот за правично судење на лицата инволвирани во случајот „Диво Насеље, на плоштадот Скендербег. Пред платото на плоштадот се собрани 100 граѓани, дел од нив во крвна врска со затворениците. „Ова е во организација на фамилии на затворениците кои добијаа долги казни затвор, а некои и доживотни, за повеќе случаи, не само за „Диво насеље“.

Зад фамилиите стои и Здружението на албански политички затвореници во Македнија“, вели Положани Денес се навршуваат 4 години од терористичкиот напад во Диво Насеље, каде животот го загубија полицајците Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата од страна на претседателот Ѓорге Иванов.