(ФОТО) Со СДСМ и рушењето е свеченост

Градоначалниците на Скопје и Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, во придружба на директорот на Зоолошката градина и приврзаници на СДСМ го почнаа уривањето на објекти на Кејот на Вардар, за да прават улица.

Лесно се урива-тешко се гради.

А душевното уривање на скопјани никој нема да може да го надомести, бидејќи се прави улица каде што треба да е пешачка зона. Ова е место кое скојпани и посетителите на главниот град на Македонија го прифатија како катче за духовен мир и релаксација.

Но, кога СДСМ е во прашање, се можно, па и да се прославува рушењето.