(ФОТО) Жителите на Ваљево ги будеа со сирени и спасуваа од поплави

Синоќа во Ваљево се евакуирани две населби со вкупно 400 домови. До раните утрински часови од градот бил прооден само еден пат, а се стравува дека во текот на денот и тој ќе биде прекинат за сообраќај.

valjevo 2Во три часот и десет минути утринава, градоначалникот на Ваљево, Станко Терзиќ потпишал наредба за евакуација на населбите Илиџа и Колубара 1.Вакви поплави не се забележани во модерната историја на Ваљево.

Еден пожарникар со мегафон ги будел жителите кои спиеле.

„Почитувани сограѓани донесена е одлука за вонредна ситуација и евакуација. Ве молиме само најосновните работи да ги земете од дома,“ се велело во повикот.

Првите оброци на евакуираните ќе ги даде војската, а потоа грижата за нив ја презема Црвен крст.

valjevo 1„Никогаш во  својот живот реката Колубара ја немам видено ваква,“ изјавила 70. годишната Соња Цветковиќ која спасувачите синоќа ја евакуираа од својата куќа на брегот на Колубара, во населбата Илиџа.

Временската прогноза предвидува дека дождовите ќе престанат во сабота, со што ситуацијата во Ваљево ќе биде уште подраматична. На удар ќе бидат уште неколку населени места, а голема е веројатноста реката да ги поплави мостовите и така ќе ги пресече сите патишта во градот.