Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати најмалку 100 припаднции на сојузните безбедносни агенции во Портланд, најголемиот град во сојузната држава Орегони, каде што се заоструваат протестите кои прераснаа во насилни проследени со опожарувања и судири со полицијата, пишува во понеделникот весникот The Washington Post.
Според тврдењето на весникот, минатата седмица Шерифската служба на САД (U.S. Marshals Service) донела одлука да испрати 100 заменици сојузни шерифи за да ги зајакне безбедносните сили кои ја чуваат зградата на Сојузниот суд во Портланд, наведува The Washington Post повикувајќи се на интерна електронска преписка.
Сојузните шерифи наводно во градот почнале да пристигнуваат од минатиот четврток. Министерството за внатрешна безбедност, според весникот, исто така, ја разгледува можноста да испрати 50 свои службеници во Портланд, кои инаку се задолжени во царинската и граничната служба. Конечната одлука за тоа сѐ уште не е донесена, се додава во написот.
Безредијата во Портланд продолжуваат во континуитет. Едно лице беше прободено со нож во текот на протестите во саботата вечета. Претходно во петокот припадниците на безбеносните агенции мораа да користат специјални стредства за растурање насилни протести, откако демонстрантите нападнале со чадни бомби и пиротехника и вперувале кон нив ласери и се обиделе да влезат во зградата на сојузниот суд.
Претходно во Портланд, со одлука на американската сојузна влада, бра испратени припадници на сојузните агенции за спроведување на законот. Тие се активирани за спречување со насилствата кои ги следат протестите.
Локалните власти во Портланд, кои доаѓаат од Демократската партија, се протива на одлуката на републиканскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на сојузните сили во градот, и сметаат дека станува збор за пречекорување на овластувањата на сојузаната влада и знак на авторитарност. Меѓутоа, како што им забележува Трамп, демократите не прават ништо за да го спречат насилството и уништувањето на имотите на граѓаните, вклучително и на сојузната сопственост.
Државната обвинителка на Орегон, Елен Розенблум, пред десет дена побара забрана за пристап на агентите на сојузните безбедносни служни.
„Не само што ги спречуваат луѓето да ги уживаат своите рпава од Првиот амандамн за мирен протест, туку создаваат нестабилна ситуација на нашите улици“, изјави на 19-ти јули Розенблум но и тогаш и подоцна на го коментираше насилството на протестите.
Тогаш само заклучи дека „сојузната влада го избрала Портланд да ги искористи своите тактики за заплашување за да ги запре протестите на граѓаните против полициската бруталност и да ја запре поддршката на движењето Black Lives Matter“.
Трамп, пак, повторно жестоко ги критикуваше демократите кои се на власти во некои градови и сојузни држави каде што има изразено насилни протести и каде што секојдневниот криминал е во постојан пораст последните години.