Стотици носталгичари на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини организираа поворка низ неговиот роден град Предапио за да ја одбележат стотата година од неговиот „походот на Рим“ кој го означил доаѓањето на фашистите на власт во Италија.
Околу 2.000 луѓе, според процените на полицијата, се собрале во ова гратче во покраината Емилија-Ромања, каде што е закопан Мусолини во криптата на семејната капела. Гробот на фашистичкиот водач секоја година го посетуваат десетици илјади луѓе.
Во неделата некои приврзаници на фашистичкиот диктатор ја искажале својата поддршка на новата премиерка на чело на крајно десната влада Џорџ Мелони.
Нејзината партија Италијански браќа (FdI), во чиешто основање пред десет години учествуваше и која ја води од 2014 година, има неофашистички корени. Основана е на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење којашто престана да постои во 1990 година.
Сепак, Мелони во својот прв говор во парламентот оваа седмица како првата премиерка во историјата на Италија, истакна дека никогаш не негувала „симпатија ниту блискост со недемократските режими (…), па така ниту со фашизмот“.
„Би гласал и за самиот Луцифер само за да се победи левицата во Италија. Затоа сум среќен што ја имаме владата на Мелони“, изјавил организаторот на собирот Мирко Сантарели, пренесува италијанската службена новинска агенција ANSA.
„Походот на Рим“ на 28-ми октомври 1922 година го означи Бенито Мусолини на власт во Италија, во текот на која воспостави власт обележан со национализам и авторитарност. Дуче е убиен од италијанските партизани во април 1945 година, на крајот од Втората светска војна, а неговото тело било обесено и тормозено од толпата на плоштадот во Милано.
Иако италијанскиот закон го забранува величењето на фашизмот и нацизмот, тој ретко се почитува. Во Италија многумина истакнуваат дека Мусолини, кој политички се активирал во редовите на левицата, ја изградил инфраструктурата на земјата – железницата и автопатиштата, и започнал програми за социјална заштита.