ФОТО: Сообраќајка го блокираше сообраќајот на улицата Павел Шатев

Сообраќајна несреќа во која учествуваа три автомобили го блокираше сообраќајот на улицата Павел Шатев во скопската населба Црниче.

Во несреќата која се случи околу 14, 40 часот се судрија „форд фиеста“, „опел астра“ и возило на скопската телевизија Алфа марка „хјундаи“.

IMAG0338

Причините за судирот се непознати. Полицијата е на терен и врши увид.

Според очевидиц несреќата се случило во моментот кога автомобилот „хјундаи“ излегувал до споредна улица наишло возилото „опел астра“, по што дошло до судир. На „хјундаито“ му е оштетен предиот дел , додека другиот автомобил удри во заштитните столпчиња покрај патот.

IMAG0339

Според нашите неофицијални информации, во несреќата нема повредени, а причинета е само материјална штета. Поради несреќата и автомобилите кои ги блокираат две коловозни ленти сообраќајот на улицата беше во застој.