(ФОТО) Сопругата на Балашевиќ отворила профил на Инстаграм и…„Моја Оливера“ како жена од „милион долари!

Оливера Балашевиќ, жена за која се напишани најубавите љубовни песни, кога ќе видиме како изгледа на 61. година, ни станува јасно и зошто. Оливера отворила профил на Инстаграм и, како што пишуваат српските новинари, го урнала интернет. Оливера профилот го отворила пред десетина дена а веќе има 1269 следбеници и стотици лајкови на сликите.
До сега објавила само неколку фотографии, а првата фотка која ја објавила ја опишала со реченицата „Слетав на планетата интернет, хело“.

Оливера, потоа, над своите фотографии објавила сеќавања од основно и средно училиште,а следбениците и поделиле многу комплименти на сметка на изгледот. Поубавата глава на семејството Балашевиќ до сега во широк круг ги одбегнувала медиумите, како и социјалните мрежи, па секое нејзино појавување било вистински настан, но се чини дека одлучила тоа засекогаш да го промени.