(ФОТО) Сопругата на Ким Јонг Ун по цела една година се појави во јавноста

Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, по едногодишна „изолација“, конечно вчера се појави во јавоста, објавија јужнокорејските медиуми.

Ри Сол Џу заедно со сопругот вчера била на концертот кој се одржувал по повод роденденот на поранешниот лидер на Северна Кореја, Ким Јонг Ил, кој почина во 2009 година.

Таа отсекогаш го придружуваше сопругот на важните настани, но последен пат беше видена дури во јануари минатата година. Нејзината „изолација“ од очите на јавноста предизвика низа шпекулации кои се поврзуваа за нејзиното здравје или со потенцијална бременост, објави Би-Би-Си.

Јужнокорејската новинска агенција наведува дека Ри наводно избегнувала да се појавува поради пандемијата со ковид-19. Инаку, во Северна Кореја официјално не е пријавен ниту еден случај на заболен од коронавирусот.