(ФОТО) Советници од Шуто Оризари агитираат на денот кога е изборниот молк

Тројца советници од општина Шуто Оризари во саботата во периодот на изборниот молк шетале низ тамошниот пазарот и собирале податоци од продавачите колкав број на гласачи има во нивните семејства.

Овие тврдења ги навеле загрижени граѓани од споменатата  скопска општина кои испратиле  и фотографии до редакцијата на Курир.

Посочените лица, исто така, агитирале и да се гласа за еден од претседателските кандидати.