(ФОТО) Спасовски со службено ауди на партиски настан на СДСМ, а тоа според законот е забрането

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски со службено ауди на партиски настан (и „аудито Q7“ и „шкодата“ се државни автомобили), а тоа според законот е забрането.

Токму самиот министер на својот Фејсбук профил истакнува дека е во Охрид по партиска работа.

„Со СДСМ и Георгиевски продолжува развојот на Охрид, ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда!

На средба со граѓаните на Охрид  разговаравме за повеќе актуелни теми на локално и на централно ниво – СДСМ и на овие локални избори е изразит фаворит, и овде во Охрид но и низ целата држава. Тоа го покажуваат сите релевантни анкети кои покажуваат дека ја имаме довербата од граѓаните, а довербата ја имаме затоа што сработевме многу во овие четири години, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат“, пишува Спасовски на ФБ и додава:

„Со Георгиевски СДСМ во Охрид е сигурен победник. Охриѓани знаат дека само со него и со СДСМ е можно да продолжи развојот на Охрид, да продолжи реализацијата на мерките што значат реализација на препораките на УНЕСКО – продолжуваме да инвестираме во Охрид да решаваме клучни потреби и барања кои се во интерес на вас граѓаните“.