ФОТО: Србите затрупани во снег

Продолжува снежниот хаос низ српските патишта, едни се евакуираат, а други остануваат заробените во дебелите снежни наноси.

Tim Crvenog krsta uključen u akciju spasavanja zavejanih

Во текот на минатата ноќ сите патници кои беа блокирани од снежните наноси на автопатот кај Фикетиќ, Војводина се евакуирани, но еден бугарски шлепер, и покрај забраната, влегол на локалниот пат Бачка Топола – Суботица, се превртел и направи застој, па 100 возила се заробени. Дел од патниците биле евакуирани во текот на ноќта, но има уште педесетина заевани возила.

Во текот на денот  се очекува пристигнување на тешка механизација која ќе го отстрани шлеперот.

Околу 200 патници завчера беа завеани кај Зрњанин, а вчера беа евакуирани патниците од двата воза кои се зглавија во снежната покривка на железничката линија Змај-Врбас.

Српските власти ги повикаа граѓаните да  издржат уште денеска, бидејќи за утре се очекува намалување на јачината на ветрот и апелираше на возачите да не тргнуваат на пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.