ФОТО| Српските туристи се соочуваат со проблеми во Македонија, не ги добиват ветените картички за патарина

Српските туристи кои преку Македонија одлучиле да летуваат во Грција наидуваат на проблеми на македонскиот граничен премин.

Имено, извесна Билјана преку социјалните мрежи предупредува дека на македонската граница не ја добила најавената картичка за патарините кои им беше ветена од македонската Влада.

-На македонска граница се случува туристи од Србија да не ја добијат картичката за патарина. Бидете упорни, барајте го шефот на смена, немојте лесно како нас да поверувате дека немаат или дека не знаат. Конкретно на 28 јуни влеговме во Македонија и кога прашавме за картичка, граничарот ни кажа дека нема и дека тоа не се големи пари. Мислевме дека ќе добиеме на првата патарина, го продолживме патот, но сфативме дека сме измамени, по пренесува своето искуство една жена.

Инаку, најавено беше дека М-Смарт картички за електронско плаќање патарина ќе им бидат давани на српските туристи кои ќе поминуваат низ Македонија на пат за Грција од 15 јуни до 15 август. Картичките на српските туристи ќе им бидат давани на граничниот премин Табановце.

 Владата вети ослободување од плаќање патарина за српските туристи како благодарност за донираните вакцини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.