(ФОТО) Српското министерство за одбрана потврди дека се урнал „МиГ 21“, има жртви

Во текот на извршување на редовна летачка задача во петокот утрото околу 9 часот се урна авион „МиГ 21“ на Војската на Србија во областа на селото Брасина кај Мал Зворник, соопшти српското министерство за одбрана.

На местото не несреќата се упатени припадници на службата за трагање и спасува на военото воздухоптловство и на противвоздушната одбрана, како и на надлежните истражни органи се додава во соопштението.

Според информациите во белградските електронски медиуми, авионот летал од Долна Борина каде што според сведочењето на локален жител замалку не удрил во неговата куќа, продолжил кон Брасина, одеднаш силно се свртел и практично паднал во двор на куќа.

Засега не е познато дали има настрадани или повредени, но неофицијалните сознанија на медиумите наведуваат дека има жртви. Имено, телвизјата РТС наведува дека едниот пилот загинал, а по другиот се трага, како и дека е повреден мажот во чиј двор паднало леталото.

Војската на Србија до оваа несреќа имала само два авиона од овој тип кои и нараму биле во составот. Неодамна биле ремонтирани и требало да слуќат за обука, одржување на тренажата на пилотите.

Авионот од типот „МиГ 21“ е едноставен и со високи перформанси кога станува збор за брзината и височината на летот, но истовремено е многу тежок за летање. Станува збор за југословенски летала од овој тип, кој пилотите ја опишуваат како „ракета со малку особини на авион“ и кој „не ги простува грешките“.

Ваквите описи се потврдуваат со податоците дека загинал секој деветти пилот кој управувал со „МиГ 21“, главно во несреќи, но и во воените дејствија при распадот на некогашна СФРЈ. Тогашната ЈНА овие авиони ги користеше уште од 1962 година. Од тогашниот СССР до 1986 година увезен е 261 авион од овој тип.