(ФОТО) Студентските домови во Македонија во очајна состојба

Вака кога го слушам Дарко Каевски на телевизија како му тече мед и млеко од уста, како лаже дека се отпочнати постапки, како се реновираат студентските домови, не можам а да не му кажам:
– Лажеш Даре, лажеш како Заев.

Ова се реновираните читални и WC – а на Дарко Каевски и СДСМ во студентскиот дом ,,Кузман”.
Ова е сликата за катастрофалната состојба во која живее младата интелигенција во Република Македонија.
Македонскиот студент живее во субстандардни услови.
Македонскиот студент седи на искршени столчиња во полураспадната читална и учи на слабо светло, основните потреби ги извршува во никакви услови, а навечер постои можност да му прокапе таванот или одрони влажниот ѕид.

,,Другари”, тоа е вистината. Ништо немате направено и затоа време е да си одите. Толку ви беше.
Студентите веќе не можете да ги изманипулирате.

Време е за #Обнова🇲🇰 Напиша на фејзбук претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ Јован Јаулески.