ФОТО: Суши само за во Гинис

Трговски центар во Хонгконг се подготвува да влезе во книгата на рекорди со најголемиот суши мозаик во светот.

Вкусното дело е составено од точно 20.647 одделни елементи и зазема вкупна површина од 37 квадратни метри.

Поводот за рекордот е десетгодишнината од отворањето на најпопуларниот ресторан за суши во трговскиот центар.

Организаторите на настанот предвидуваат по инспекцијата на претставниците на Гинисовата книга за рекорди, вкусното искушение да се подели со присутните на прославата.