ФОТО| Свеќи, солзи и илјада рози на веридбата на Кортни Кардашјан

Тревис Бaркер, тапанарот на популарната група „Blink 182“ ја побара за жена својата девојка, славната ѕвезда на риалите шоуа, Кортни Кардашјан, на плажа на еден хотел во Ментесито во Калифорнија.

Судејќи по фотографиите, атмосферата била многу романтична. Свеќи, илјада рози и солзи радосници, го одбележале настабнот на кој се надеваат нивните бројни обожаватели, пренесуваат американските медиуми.

Ова ќе биде првиот брак за Кортни, за разлика од нејзниот партнер. На поранешниот Скот Дисик, со кој доби три деца, никогаш не го изговори судбосното „да“, често повтогувајќи дека „чувствува дека тој не е вистинскиот“.

На веридбата, според медиумските наводи, додека сонцето заоѓало присуствивали Клои Кардашјан, како и Тристан Томпсон со кого таа ја има ќерката Тру.

„Кортни беше изненадена, пред сѐ, поради што нив ги гледа таму. Тревис потоа ја испрати до плажата каде што имаше црвени и бели цветни аранжмани во форма на срце. Беше многу романтично. Видев дека Кортни се смее од среќа и дека не можеше да верува што се случува. Семејството весело ја пзодрави и сите тогаш се вратија во хотелот“, вели извор на медиумите, а фотографиите кои ги објави на Instagram ги одушевуваат оние кои ја следат на социјалните мрежи.

„Засекогаш“, ги потпиша фотографиите Кортни, а Тревис исто така ѝ одговори во коментарите.

Друг извор раскажал дека нејзината мајка, Крис Џенер и нејзиното момче Кори, не ја пропуштиле веридбата. Ќерката на музичарот, Алабами, исто така, се огласи на социјалните мрежи покжувајќи го прстенот како сјае на раката на најстарата од сестрите Кардашјан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.