ФОТО: Светски моторџиски потфат на Македонци во САД

Несекојдневен моторџиски потфат за поддршка на Македонија. Костадин Андреев и Антонио Цветковски, се по потекло од Скопје, а околу 20 години живеат во Детроит, САД и се олучиле на еден несекојдневен начин да дадат поддршка за татковината.

Двајцата Македонци со мотори Кавасаки версус 650, возеле од Детроит до Прудо беј на брегот на Арктичкиот Океан во Алјаска.

detroit-prudo-bej

Тие своите впечатоци од патувањето ги споделија со Нетпрес. Велат дека возеле околу десет дена и изминале 4.268 милји, или околу 6.869 километри.

IMG_6977

IMG_6978

Уште еден интересен факт што потврдува дека овие двајца Македонци се достојни за почит, е тоа што околу 14 часа од патувањето им било низ снежни предели, по многу студено време, а на дел од етапите ги зафатиле и врнежи од снег проследени со студен ветер.

IMG_6983

IMG_6980

По десет дена кога конечно го завршиле нивниот несекојдневен моторџиски потфат и кога стигнале на 9-ти јуни во Прудо беј температурата изнесувала неверојатни -18 степени. Навистина, секоја чест!

IMG_6982 IMG_6981 IMG_6985 (1)