ФОТО Талат Џафери ја омажи ќерката Бесиана

Голема радост во семејството на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Неговата ќерка Бесиана Џафери се омажи со Лабинот Беќири, долгогодишна врска која минатата година во мај младите ја одбележаа со свршувачка.

Она што беше посебно за оваа венчавка беше фактот што свадбата траеше неколку дена и беше комбинација на традиционални и модерни елементи.

Џафери, покрај ќерката Бесиана, има и син, кој се венча во 2015 година.

Инаку, Бесиана е асистент на Институтот за меѓународни и политички студии.