(ФОТО) Тешка сообраќајка на Водњанска, повредени две лица

Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила синоќа околу 2 часот по полноќ, информираат од МВР за Курир.

Според нивните информации во несреќата случена на булевар „Мајка Тереза“, поранешна Водњанска, учествувале автомобили „мерцедес“, „БМВ“ и „фолксваген пасат“, а со повреди се здобиле две лица кои биле пренесени во Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.

Идентитетот на возачите и повредените сѐ уште не е познат.

Од МВР за Курир посочија дека полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Фејсбук

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.