
ФОТО: Телеграф
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва кај Македонската радио телевизија едно лице е повредено и префрлено во Ургентниот центар, јавува порталот Телеграф.
Станува збор за судар на две возила со скопски регистарски таблички “Рено Меган“ и “Лада нива“, при што, поради превртувањето на ладата со повреде се здобил совозачот од ова возило.
Се уште не се познати причините за сообраќајната несреќа, а полицискиот увид е во тек.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.