ФОТО| „Топлотен бран” во Кисела Вода, проект за помош на граѓаните од високите температури

Во контекст на висоите температури и портокаловата фаза во кој Македонија е влезена од четвртокот Општина Кисела Вода го реализира проектот „Топлотен бран”.

Во соработка со општинската организација на Црвениот Крст, се одвиваат теренски активности на мобилни екипи составени од: возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, кои на граѓаните им даваат медицинска помош, совети, им делат шишиња со вода.На лица на кои тоа им е потребно, им се укажува помош за носење до крајната дестинација.

Проектот се реализира при постоење на топлотни температури од над 35 степени целзиусови, се до крајот на август.Во рамки на истиот, пред две седмици во урбаните заедници Населба Драчево и Кисела Вода беа поделени вкупно 120 шишиња од 0,5 литри флаширана негазирана вода на фреквентни локации. Денес, мобилните екипи интервенираат во урбните заедници 11 Октомври Згради и 11 Октомври Бараки, во парковите, по булеварот Борис Трајковски, пред поголемите маркети и секаде каде што е забележана потреба од ваква помош.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран. Истиот, според најавите на УХМР, ќе трае од денеска до недела.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.