(ФОТО) Трамп: Ако победи Бајден, победува мафијата

Републиканскиот американски претседател Доналд Трамп во неделата во сојузната држава Невада одржа собир во затворени простор, што го критикуваат неговите противници поради пандемијата на коронаворусот од која најпогодени се САД, но последните седмици бележи пад на дневните показатели.

Тоа сепак не го спречи Трамп жестоко да го критикува својот противкандидат на претедателските избори на 3-ти ноември од Демократската партија, поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, велејќи дека зема дроги и оти е премногу попустлив кон криминалот.

„Бајден сака да ги примири домашните терористи, а мојот план е да ги уапсам домашните терористи. Ако Бајден победи, мафијата победува“, рече Трамп пред одушевената маса негови приврзаници.

Бајден и неговите поддржувачи го критикуваат Трамп за одржување на масовните собири во кампањата, обвинувајќи дека најчесто неговите следбеници не го оддржуваат потребното растојание и не носат маски за лицето. Но републиканците одвраќаат со прашањето зошто такви критики не се упатуваат кон организаторите и учесниците на протестите кои траат од мај против полицската бруталност и расизмот, со јасна конотација против претседателот Трамп.

Кампањата на Трамп го претстави собирот во големото пространо складиште во Хендерсон како можност на приврзаниците мирно да се соберат во согласност со првиот амандман од американскиот Устав.

„Ако можете да им се придружите на десетици илјади луѓе кои протистираат на улиците, се коцкаат во казината или во протестите ги спалуваат малите дуќани, можете да се соберете под првиот амандман за да го слушнете претедателот на САД“, Тим Муртоу.