(ФОТО) Тројца мртви во навивачки безредиjа на стадион во Хондурас

Три лица загинале а десетици се повредени во безредијата кои ги предизвикале навивачите на ривалските фудбалски клубови во Тегусигалпа, престолнината на Хондурас, пренесува во неделата BBC.

Насилствата избувнале пред одржувањето на натпреварот меѓу екипите на Мотага и Олимпија во саботата вечерта. Тепачките почнале кога толпа фрллала камења врз автобусот со играчите на Мотагва и притоа повредила тројца од нив. Судирите продолжиле на Националниот стадион и надворе од него, откако бил откажан мечот.

„Три лица загинале а седум се застрелани или прободени. Меѓу нив е момченце. Три повредени лица се во критична состојба“, изјавила за Reuters портпаролката на болницата, Лаура Шоненхер.

Повеќе од 10.000 луѓе веќе биле на стадионот кога започнале безредијата. Многумина се нашле среде стампедото кога полицијата фрлила солзавец врз хулиганите.

Фудбалсјкиот клуб Мотагва на социјалните мрежи објави фотографии од штетата предизвиката на автобусот и од повредените играчи во болницата, и ги обвини навивачите на Олимпија за безредијата, барајќи властите инцидентот да го санкционираат.