(ФОТО) Турција планира да го лансира електромобилот во 2022-та

( Murat Kula - Anadolu Ajansı )

Првиот сериски произведен електричен автомобил од турско производство ќе излезе од монажната линија до крајот на 2022 година, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Изградбата на фабриката е планирано да заврши за 18 месеци, а кон крајот на 2022 година од производствената лента ќе излезе првиот сериски електромобил од турско производство“, го цитира агенцијата Anаdolu турскиот претседател кој во саботата присустуваше на церемонијата на поставување на камен-темелникот на фабриката за автомобили во провинцијата Бурса.

Како што рекол Ердоган, овој проект Турција го очекувала веќе 60 години. Поставувањето на темелите за фабриката го нарекол „златната алка на целите на сенационалните мегапроекти“.

Во 2019 година Турција ги претстави прототипите на првите домашни автомобили, електрокросоверот од сегметот SUV C и електромобилот седан.

Проектираните инвестиции во овој проект изнесуваат 22 милијарди турски лири, односно 3,7 милијарди американски долари, во идните 13 години.

Корпорацијата TOGG (Иницијативната група Турски автомобили) планида да произведува 175.000 автомобили од пет модели на годишно ниво. Државата, според најавите, има намера да набави 30.000 електрични возила до 31-ви декември 2035 година.

( Raşid Necati Aslım – Anadolu Ajansı )
( Raşid Necati Aslım – Anadolu Ajansı )
( Murat Kula – Anadolu Ajansı )
( Arif Hüdaverdi Yaman – Anadolu Ajansı )
(Murat Çetinmühürdar / TCCB – Anadolu Ajansı )