
Украинската снајперистка Евгенија Емералд, попозната како украинска Јованка Орлеанка, се омажила за војник што го запознала на почетокот на руската инвазија, пренесува Odessa Journal.
Евгенија и нејзиниот партнер Евгениј Стипањук се венчаа во петокот во близина на фронтот во шума кај Харков. Датумот на венчавката за нив имаше посебно значење – петок беше Денот на ветераните, национален празник во чест на ветераните и загинатите припадници на вооружените сили на Украина, а му било и роденден на Стипањук.
View this post on Instagram
Церемонијата ја водел воен генерал.
Двојката се вљубила веднаш по почетокот на инвазијата во Украина, а се верила во август.
-Сфаќаме дека секој ден може да биде последен и не сакаме да го одложуваме животот за подоцна, напиша Емералд на Инстаграм.
На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, се гледа дека Евгенија носела долга бела венчаница, а нејзиниот сопруг се одлучил за војничка униформа.
Таа сподели фотографии од нејзиниот посебен ден на Инстаграм и напиша дека „не можела да замисли поидеална венчавка“.
– Денеска и официјално станав сопруга на војник. Тоа се случи на линијата на фронтот и генералот на вооружените сили на Украина ја предводеше церемонијата, напиша таа.