(ФОТО) Усеини крадел вода, па тепал и се заканувал со убиство

Советникот во Општина Охрид од ДУИ Нефи Усеини го натепал професорот Иљаз Иљази од Штуловиот универзитет – причината била див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Иљази.

Иљази го пријавил случајот, а од МВР потврдија за Република дека Усеини е повикан на распит и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Денес 29 јули во 10 часот имав физички напад од Нефи Усеини, советник во општина Охрид. Без бико каква причина ме нападна и со тупаници ми нанесе повреди. Не го познавам Усеини, ниту сум имал досега било каква работа со него. Дојдов на одмор во Охрид, во свој стан, претседател сум на советот на станари во зградата. Тој се поставил како моќник. Моќникот Усеини ни ја земал водата на диво, о наш приклучок и ги загрозува нашите основни човекови права.

Случајот го пријавив во полиција, дадов и лекарско уверение за повредите. Проблемот е што ми се закануваше со убиство пред сведоци. Побарав заштита од полицијата и да се покрене кривична постапка против советникот во Општина Охрид.

Јас сум електроинженер по струка, стар 60 години, предавам на Штулов универзитет и во животот не сум имал ниту една слична ситуација. Барав прием кај градоначалникот на Охрид, но не успеав да се сретнам, имале скратено работно време“, стои во изјавата на професорот Иљази.

Нефи Усеини денеска бил повикан во полициска станица, притоа било разговарано со него и ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено денеска Советникот Нефи Усеини натепал професор од Универзитетот на Југоисточна Европа. Усеини и нападнатиот професор не се познавале и прв пат се сретнале утрово. Инцидентот настанал поради див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е нападнатиот.

Во неколку месеци, ова е трет напад во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата која ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Усеини и во минатото бил осуден за кривично дело насилство. Судот еднаш изрекол условна казна, а откако Усеини го повторил делото, тој добил два пати казна затвор од по неколку месеци.

Фото: Буревесник