(ФОТО) Ужасно злосторство против природата: Масакр на елени ги запали социјалните мрежи

Масакр на дивиот свет се случи во Португалија, кога во ловна зона биле убиени повеќе од 500 елени и диви свињи. Министерот за животна средина Жоао Фернандез изјави дека делото на 16 шпански ловци е ужасно злосторство против природата, кое треба да биде гонето пред законот, објави Би-Би-Си.

Фотографии од несреќните животни масовно се шират на социјалните мрежи, но и осуда на ваквото злосторство против природата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.