(ФОТО) Узунов објави фотографии од таткото на министерот Маричиќ „гордо сликан“ со статуа на Хитлер

Австралискиот новинар од македонско потекло Саша Узунов, објави на својот акаунт на Twitter фотографии на таткото на министерот за правда Бојан Маричиќ, „гордо форографиран“ крај статуата на нацистичкиот водач Алдолф Хитлер и неговата книга „Мојата борба“.

Станува збор за порешниот јавен обвинтиел Момир Маричиќ, обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје кој во август минатата 2020 година достави барање за пензионирање веднаш по објавување на името на неговиот син за кандидат за министер за правда, а истовремено беше објавено дека позицијата ќе ја напушти и сопругата на Бојан Маричиќ, тогаш шеф на кабинетот на министерот за правда.

Узунов, исто така, потестува дека „фасцинираниот “ Маричиќ како обвинител не презема ниту го осудил поставувањето статуи на албански личности соработници на германскиот нацизам во Македонија во текот на Втората светска војна

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.