ФОТО: Вака ќе изгледаат плажите во Преспа

Почетокот на активностите за уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското езеро започнува за неколку дена.

Станува збор за плажите во населбите Сливница и Стење во општина Ресен.

2

Предвидено е во рок од 4 месеци да биде завршено уредувањето на плажите.

3

4

 

 

Теренот на кој ќе бидат уредувани плажите ќе биде нивелиран со песок, а функционално планираниот простор за плажа е решен како единствена целина со содржини од услужен карактер, а за таа цел на плажата се предвидуваат шанкови со кабина за музика, санитарен јазол; простор за чување и користење на урбана опрема како што се лежалки, чадори; соблекувални; чешми и тушеви; игралишта за деца; игралишта за одбојка, мал фудбал и тенис; простор за спасувач; часовник; бежичен интернет; информативно пано; платформа за сончање над езерската површина, како и платформа за пловни објекти и издавање на педалинки и сл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.