ФОТО: Вака се челичат руските деца, леден туш на снег

Руските деца се челичат од мали нозе, сред зима тие се прскаат со ледена вода.

dete Во рускиот град Барнаул во Новосибирск, каде во зимските денови  температурите паѓаат и detevodaдо 30 степени под нулата, децата од една  градинка секој ден во костими за капење се бањаат со ледена вода.

На децата не им смета студот, туку боси на снегот си играта, се гаѓаат со снежни топки, се прскаат.

Тоа е ритуал кој се применува секој ден, а го вовела пред 18 години директорката на градинката Олесија Осинтсева. И додека многумина ја напаѓаат поради оваа сурова пракса, таа вели дека токму поради тоа децата се многу поздрави и поотпорни на вируси и бактерии.

Таа обајснува дека пред многу години имало епидемија од грип и половина од децата во градинката биле болни, и затоа со колегите и воспитувачите решиле дека е време да превземат нешто за заштита на децата. Овој метод прво го тестирале на себе и на своите деца, и по шест месеци сфатиле дека нивниот имунитет е многу појак.

Таа вели дека имаа група од деца на кои родителите им се согласиле да се бањаат во студена вода.

Според ритуалот, прво вежбаат во училниците, а потоа трчаат надвор каде се топат со вода околу минута и половина, но ако температура е под -30 степени и дува ветер ледената забава се откажува.