ФОТО| Ванда го изневерила Икарди со друг познат фудбалер!?

Атрактивната Ванда Нара сака да се разведе од фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди, а очигледно веќе си пронашла нова љубов и станува збор за друг спортист.

Иако Икарди го демантираше тоа, сепак аргентинскиот новинар Лукас Бертеро објави дека Ванда е во љубовна врска со 30-годишен фудбалер, кој играл за шест тимови во татковината и е популарен во Европа, но не се открива неговиот идентитет.

„Ванда пронајде мир на друго место. Зборуваме за нешто што се случува неколку месеци“, открил новинарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)