ФОТО: Вандалите на СДСМ, СОРОС и БЕСА напишаа „Илирида“ на споменикот „Паднати херои за Македонија“

Продолжува дивеењето и сквернавењето на спомен обележја низ главниот град од страна на вандалите на СДСМ, Сорос и БЕСА продолжува. Освен што повторно ги осквернавија спомениците што беа исчистени,  вандалите со црвена боја напишаа „Илирида“ на споменикот „Паднати херои за Македонија“  во паркот Жена борец.

Инаку во  изминатиов период, вандалите ги сквернавеа сите спомен обележја во главниот град на кои се претставени значајни сегметни од македонската историја, борци, историски личности. За време на протестите ниту еднаш не беше сквернавено спомен обележје на албанската култура и историја.

Инаку, споменикот „Паднати херои за Македонија“, е од исклучително значење за Македонија и Македонците.

Споменикот се состои од неколку сегменти. Агората претставена со фонтана и концентричен форум кој го означува светот на живите. На средината на фонтаната е поставена скулптура на Прометеј. Портата симболизира премин од светот на живите во вечноста, а коњичката квадрила врз портата оддава почит на мртвите херои. Третиот сегмент e некрополис – ротонда од монументални столбови, кој треба да го претставува светот на вечноста. Во неговата средина има обелиск со скулптура на римската божица на победата, Викторија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.