(ФОТО) Ватикан го истражува „лајкот“ на Папата на разголена Бразилка

Канцеларијата за односи со јавноста на Светата столица соопшти во петокот дека го истражува инцидентот во кој на официјалниот профил на Instagram на папата Франциск „му се допаднала“ фотографијата на скудно облечена бразилска манекенка.

„Барем ќе одам во рајот“, се шегуваше на Twitter бразилската манекенка Наталија Гарибото објавувајќи видео кое покажува „инстраграм лајк“ од профилот на Папата „franciscus“. Видеото, инаку, е објавено на 11-ти ноември, но било видливо до 13-ти ноември според  Catholic News Agency (CNA).

Папскиот „лајк“, со кој всушност се одобрува фотографијата на Наталија Гарибото која го прикажува нејзиниот задник, на прв поглед без гаѓички, од тогаш беше отстранет.

„Што се однесува до нас, лајкот не дошол од Светата столица. Го истражуваме инцидентот во близок контакт со одговорната канцеларија на Instagram“, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на Ватикан.

Профилот на Instagram на поглаварот на Римокатоличката црква отворен е во март 2016 година, и до петокот попладнето имеше 7,4 милиони лица кои го следат. Откако беше направен профилот, Ватикан соопшти дека со него ќе управува одделот за социјалните мрежи на Секретаријатот за комуникации.

https://www.youtube.com/watch?v=JbLBm43wmMI